Филипче: Се зголемуваат капацитетите за тестирање за коронавирусот

109

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека капацитетите за тестирање на граѓаните за коронавирусот во следните денови ќе се зголеми речиси за две третини имајќи ја предвид дополнително можноста за тестирање во приватните болици, донации и работата на мобилните тимови.

Филипче кажа дека веќе од утре со мобилните тимови двојно се зголемува капацитетите за тестирање во Скопје, а до крајот на неделата и во целата земја.
Мобилните тимови во Скопје ќе бидат поддршка за пунктовите за тестирање, пред се за највозрасните, а во смисла на тоа да седат дома и да се земе материјал во домашни услови, имајќи предвид дека тие се во најризичната група.

Министерот за здравство, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека смета оти бројката на тестови во Институтот за јавно здравје, како и во приватните болници, и со оние донации се сосема доволни за нашите потреби. Упати повторно на алгоритмот врз основа на кој се прават тестирањата и врз основа на него, според Филипче, добро се следат случаите.

-Се тестира пациент со симптоми и се следат неговите контакти, рече министерот.
Повтори дека пикот на вирусот кај нас се очекува да биде на крајот на април.