Филипче: Прашање е вирусот колку долго може да се задржи во воздухот

98

Маската останува како најдобар одбранбен механизам против корона вирусот. Ова го истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Прашање е вирусот колку долго може да издржи во воздухот, но сепак, маската како надополнување сметаме дека е доволна мерка за заштита. Нема некој заболен кој ги почитувал мерките. Ни на изборите нема да дозволиме било какво групирање на гласачките места. Свеста кај граѓаните е се поголема и очигледно е дека луѓето се свесни дека ова ќе биде новиот начин за да се функционира“, истакна Филипче.