Филипче: Почина родилката болна од ковид-19

153

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата „8 Септември“.

Како што извсти Министерството за здравство, предмалку почина и родилката од Куманово која беше во тешка здравствена состојба, а нејзиното бебе е добро.

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус.

Извор