Филипче: Породилното отсуство да се продолжи

48

Во овој момент се изработува решението кое ќе бара законска измена со цел породилното отсуство да се продолжи, затоа што на мајките на кои им завршува во овој момент не може да ги запишат бебињата во градинките.

Како што посочи министерот за здравство Венко Филипче за да се реши оваа актуелна ситуација  имале работни состаноци со претставници на Фондот за здравствено осигурување, за тоа се дискутирало и на состанокот на Централниот штаб во рамките на Владата.

– Веднаш по изготвувањето на решението ќе го соопштиме на јавноста за да се знае како треба понатаму да се постапува, додаде министерот  Филипче.

Тој појасни дека нема можност да бидат децата запишани во градинка.

(В.Ма.)