Филипче најави дека Французи или Германци ќе го градат новиот Клинички центар!?

Според министерот за здравство Венко Филипче во овој момент процедурата е во фаза на конкурентен дијалог. Тој потенцира дека постапката за изградба на Клиничкиот центар со локација во општина Ѓорче Петров има три фази, при што фазата на евалуација заврши, каде во конкуренција останаа две компании Француската фирма Bouygeus и германската Vamed

75

Две компании се во втората фаза од процесот за избор на фирмата, што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје – Vamed и француската Bouygues construction. Според министерот за здравство Венко Филипче во овој момент процедурата е во фаза на конкурентен дијалог.

Тој потенцира дека постапката за изградба на Клиничкиот центар со локација во општина Ѓорче Петров има три фази, при што фазата на евалуација заврши, останаа две компании германската Vamed и француската Bouygues construction.

Овие две компании сега влегуваат во фаза на дијалог кој сè уште не е почнат, бидејќи сè уште трае рокот за жалби од претходната фаза – појасни министерот Филипче и дополни дека засега нема жалби .

Тој дообјасни за време на дијалогот дека се оди кон финалниот драфт на договорот кој ќе се тендерира.

Преку дијалог и разговор за она што ние го бараме од физибилити студијата од тие искусни компании, ние го дизајнираме тој договор кој ќе биде предмет на тендерирање. И тоа е третата фаза. Согласно сегашната динамика и динамиката на Министерство за финансии со преговорите со финансиерите мислам дека имаме шанси да завршиме оваа година или на почетокот на следната, нагласи Филипче.

Станува збор за земјиште со површина од околу 80 хектари кое има пространа парцела и добра сообраќајна конекција во близина на самата обиколница, што ја прават оваа локација поволна за изградба на државните клиники.

Проектот вреден околу 400 милиони евра ќе се финансира и преку заем од Банката за развој при Советот на Европа. Македонските пациенти современи медицински услуги треба да добијат најрано во 2025 година.

Деновиве на владина седница се одобрени уште 14,4 милиони денари за елаборат и проекти за новиот клинички центар. Така Министерството за здравство ќе издвои 14,4 милиони денари за изработка на урбанистички проекти, проекти за инфраструктурата и за елаборат за новиот клинички центар што треба да се гради во регионот на Општина Ѓорче Петров, конкретно во населеното место Веле Поле.