Филипче: Напред Јане, направи нѐ горди! Велковски ќе се обрати на Глобалниот самит во ОН

87

Напред Јане, направи нѐ горди!

Му ја даваме целосната поддршка на нашиот Јане Велковски, кој за кратко ќе се обрати на глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк и ќе побара да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата, во рамки на овогодишниот Светски ден на детето, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

На овој ден, ја испраќаме пораката дека водиме максимална грижа за здравјето на нашите деца. За првпат, од оваа година го овозможивме лекот Спинраза за пациентите со спинална мускулна атрофија. Јане и уште 6 дечиња, сега ја имаат потребната терапија.

Следете во живо 👉 http://webtv.un.org/…