Филипче: Кај нас не се детектирани мутации како во В.Британија, но има други мутации

106

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се обрати пред медиумите, и зборуваше за тоа дали кај нас го има новиот сој на коронавирусот, како оној во Велика Британија.

Филипче објасни дека таков сој нема, но дека има други мутации.
„Идентичен на тој во Велика Британија во нашата земја нема. Кај нас се детектирани 6-7 соја“, рече Филипче.

Тој додаде дека сличен на нашиот вирус во моментов е забележан во други две земји.

„Тој кој провладува во изминатите месеци кај нас, е забележан и во Србија и во Швајцарија“, рече министерот.