Филипче: За две недели нова мерка против ковид 19

2393

Следниот понеделник во Владата ќе се разговара за воведување на мерката за влез во затворените места само со сертификат за примени две дози на вакцини, рече Филипче.

Во однос на дополнителната мерка, ќе дискутираме во штабот во Владата, следната недела. Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, ќе оставиме една-две недели дополнителни, со оглед на тоа што е најавено за да почне да важи препораката за во сите затворени места, наместо со една, да биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини“, рече Филипче.