Филипче: Денеска во земјава пристигнуваат 2000 вакцини

247

 

Денеска доаѓаат 2000 вакцини во нашата земја. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче пред салата „А1 Борис Трајковски“ во Скопје.

Станува збор за кинеските вакцини.

„Преку нашиот амбасадор во Абу Даби, денеска ќе пристигнат 2000 кинески вакцини. Ќе пристигнат во Софија. Веќе го организиравме транспортот, возилото е веќе на софискиот аеродром“, рече Филипче.