Филипче: Во петок пристигнуваат уште 38.400 вакцини АстраЗенека

86

Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.

Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме…

Posted by Венко Филипче on Tuesday, May 11, 2021