Филипче: Во Институтот за трансфузиона медицина има современ и европски начин на третирање крвни единици

58

Современ и европски начин на третирање на крвните единици има во Институтит за трансфузиона медицина во Скопје. Тоа што се случува со фрлањето одредени количини крв е затоа што после донирањето крвта се дели на различни елементи еритроцити, тромбоцити и крвна плазма и не секој од тие делови има еднаков век на траење, истакна денеска во Велес министерот за здравство Венко Филипче.

– Еритроцитите можат да стојат неколку дена, тромбоцитите повеќе недели, а плазмата повеќе месеци и затоа се случува и таквото фрлање. Значи станува збор за строго контролиран процес, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето признанија на општинските организации на Црвениот крст, во пресрет на 17 Март, Денот на формирањето на Црвениот крст и Денот на крводарителството.