Британецот Луис Хамилтон ја загуби својата осма светска титула во Формула 1 во последниот круг на трката за Големата награда на Абу Даби. Шампионскиот трофеј замина во рацете на Макс Верстапен, кој стигна до титулата со многу контрадикторни одлуки на директорот на трката, Мајкл Маси.

Маси му овозможи на Холанѓанецот да му дојде зад грб на Британецот и на крајот да го престигне.

Неколку дена подоцна Хамилтон не се појави на свечената церемонија на прогласувањето за најдобар во организацијата на ФИА, а сега му се заканува казна.

  • Возачите кои завршија први, втори и третопласирани во шампионатот мора да бидат присутни на годишното доделување на наградите на ФИА, според правилникот што возачот на Мерцедес не го почитувал.

Новиот претседател на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, веднаш ја навести можноста да се казни еден од најдобрите возачи во историјата.

  • Правилата се правила. Ќе испитаме каде се потребни технички правила за да се применат и дали тој ги прекршил? Морам да го испитам тоа. Секако, ќе мора да ги следиме и нашите правила. Но, во меѓувреме, тоа не не спречува да направиме шампионот да се чувствува добро во спортот. Лесно е да се биде фин со луѓето и евтино е да се биде добар, а исто така да се мотивираат луѓето. Но, дефинитивно, ако се отстапува од правилниот, нема прошка во ова, истакна Бен Сулајем.