Фешта во тренинг центарот на Лацио, дојдоа дури 12.000 навивачи

68

Отворениот тренинг на фудбалскиот клуб Лацио и прикажувањето на трофејот од Суперупот на Италија, натера околу 12 илјади фанови на римските „орли” да се појават на трибините во тренинг центарот Формело.

Лацијалите се фотографираа со трофејот кој го освоија во Ријад со победа над Јувентус, а од полните трибини каде се вееја знамиња, најмногу песни се пееја за тренерот Симоне Инѕаги и голгетерот Чиро Имобиле, како и за Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Досега никогаш не е виден толку голем број луѓе во тренинг центарот на Лацио. Овој рекорд треба да биде мотив плус за фудбалерите кои тренираа и со мислите се фокусирани кон дуелот со Бреша на 5 јануари.