Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, нема да ја ризикува кариерата потпишувајќи за просечен тим во 2021 година.

Фетел и екипата на Ферари се согласија да го раскинат договорот, па германскиот возач ќе го напушти тимот на крајот на сезоната. Тој во Ферари ќе биде заменет од Карлос Саинц. Се шпекулира дека Ред Бул и Мерцедес би можеле да го ангажираат 32-годишниот пилот, но и дека би можел да стави крај на кариерата.

Тимот на Хас користи мотори на Ферари, а на прашањето дали ќе се обиде да го донесе Фетел, директорот на оваа екипа, Гинтер Штајнер за „Скај спорт“ одговори: „Не можам да си го дозволам тоа“.

  • Мислам дека Себастијан, кој е четирикратен светски шампион, нема да замине во просечен тим. Ако имате успешна кариера, не сакате премногу да ризикувате. Јас сум во добри односи со него, но не му понудив место. Мислам дека некој со подлабок џеб ќе го стори тоа, изјави Штајнер.

Фетел својата кариера ја започна во Заубер, а потоа возеше за Торо Росо како и за Ред Бул, тим со кој освои четири шампионски титули во низа. Потоа се пресели во Ферари во 2015 година, но не успеа да постигне добри резултати со кои би му донел титула на тимот од Маранело.

Сезоната во Формула 1 не започна поради пандемијата на корона вирусот, а челниците на овој спорт се надеваат дека истата би започнала на 5 јули со трката за Големата нсгара на Австрија.