Во Ферари се е разјаснето и тимот не очекува проблеми помеѓу Себастијан Фетел и Шарл Леклер. Ова го изјави портпаролот на тимот за „Би-Би-Си Спорт“.

Како што е познато, тие се бореа за подобра позиција во Бразил, кога младиот пилот од Монако го престигна Германецот, кој потоа направи контранапад, се дојде до мал контакт, што сепак ги елиминираше од трката и двајцата.

Следеше разговор со Матија Биното, за кој не беа соопштени детали, а сега тимот објави дека сè е веќе чисто, иако тешко дека е токму така.

  • Од она што се случи во Бразил, Матија разговара со пилотите секој ден. Иако без официјална средба, сè е добро и размислуваме само за Абу Даби, изјави портпаролот за британскиот медиум.

Поради неговата елиминација во Бразил, Леклер има 11 поени минус пред последната трка во неделата во однос на Макс Верстапен и ќе се обиде да ги надополни за да заврши на третото место во финалниот пласман. „Скудерија“ пак одамна го освои второто место кај конструкторите.