Фетаи: Наместо обвинители станавме магационери

137

Наместо да работиме на истрагите кои претходно ги отворивме во СЈО ние станавме архивари и магационери. Ова денеска го истакна обвинителката Фатиме Фетаи пред влезот на Кривичниот суд каде што треба да постапува на судењето за „Монструм“.

Обвинителката Фетаи рече дека со брзина на светлината институциите работеле да ги испитаат наводите во врска со земените бонуси на специјалните јавни обвинители и укажа на тоа дека се би било поинаку ако со истата таа брзина институциите би постапувале во текот на сите постапки, и посочи дека вчера се обезбедувала документација, а не се работело за упад, пренесе МКД.МК.

За потсетување, истрагата почна откако на јавноста и станаа достапни трошоците на СЈО, и се дозна дека Јанева за 4 години како бонуси за доверливост добила 157.000 евра.