Фестивал посветен на фризерите: За првпат во Македонија – “Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“

80

„Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“, единствениот фестивал во нашата држава посветен на фризерите, ќе се одржи на 28 мај во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп. Тој е продолжение на досега направени два фестивала од ваков вид во Прилеп, но сега е ребрендиран и подигнат на повисоко професионално ниво од Интернационален карактер. Организатор на фестивалот е Здружение за настани, манифестации и едукации „Провент“ – Прилеп во соработка со Секцијата на фризери, бербери и козметичари – Прилеп. Директор на фестивалот е Крешимир Крешо Здравески, кој е воедно и креатор и реализатор како на претходните, така и на овој фестивал.

„Open beauty Hair Fest ќе се состои од саем со штандови на кој ќе се претстават еминентни светски брендови за производи на нега на коса, опрема и алати, како од земјата така и од Италија, Србија…. Исто така ќе има и сценски шоу-настапи на еминентни фризерски имиња од Македонија и како специјални гости ни доаѓаат два тима од Србија, европски и светски носители на награди и едукатори во областа на фризерството. Дел од фестивалот е и забавата, за дружење и збогатување на меѓусебната соработка.

Фестивалот ќе започне од 11 ч. со дел посветен на нашите најмили, насловен како Фризерско детско шоу, а тие ќе можат да присуствуваат на настан на кој ќе има многу забава, изненадувања и едукации. Учество ќе земат Денс студио “Њу џенерејшен“, Детскиот хор „Весели ѕвончиња“, а ќе има и маскоти, аниматори и едукативна презентација од стручно лице, претставник на „Зегин“, кој е воедно и еден од покровителите на фестивалот, кој ќе ги едуцира дечињата преку интересна интеракција и анимација за нега и грижа за детското здравје. Исто така децата ќе видат нови модни трендови на коса и прекрасни детски фризури, за што ќе има професионален сценски настап со деца модели.

Од 13 ч. започнува делот со настапи на тимови од: СОУ Ѓ. Петров – насока фризери и козметичари, Теса бјути академија, Фарма вита, Кене, Србија гламур тим, Србија барберинг тим, Тим Прилеп и тим Македонија.
Прилеп, уште еднаш докажува дека е град лидер во одржување и унапредување на занаетчиство.