Фестивал на младо вино во Кавадарци

297
three glass of white red and rose wine with dim light in wooden restaurant table with a grape background

Фестивал на младо вино се одржува денеска во дворот на Винскиот музеј во Кавадарци, во организација на „Винотек“, Здружение за развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје.

– На фестивалот на повеќе штандови се презентира и промовира вино и храна. Можеме да забележиме дека од година во година се зголемува квалитетот на македонското вино, како и бројот на винопроизводители, а се поразвиен е и винскиот туризам, нагласи Јован Еленов, претседател на „Винотек“, најавувајќи и вински базар во иднина.

Тој додаде дека виното е инспирација за луѓето низ историјата.