Фестивал на локална храна и вино

137

Општина Гевгелија е организатор на тридневната манифестација „Фестивал на локална храна и вино 2019“, која се одржува под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија.

Производителите на храна и вино, преработувачите на земјоделски производи и локалните пчелари од вчера ги изложија своите производи на штандови во центарот на градот овозможувајќи им на посетителите да ги дегустираат и да ги купат.

Учество на фестивалот зедоа 12 производители на преработки од овошје и зеленчук, пчелари, винари, лебопекари и претпријатија за производство на колачи.

Манифестацијата е збогатена со културно – уметничка програма во која учествуваат локални фолклорни ансамбли, танчерски групи како и ученици од основните училишта и гевгеликите градинки кои преку песни, игри и ликовни работилници го афирмираат локалното творештво, посочија од Општина Гевгелија.