Фестивал за скијачи – љубители на музика во амфитеатар од мраз

61

Организаторите на музичкиот фестивал во италијанскиот регион Трентино одлучиле забавата во скијачкиот центар во местото Вал ди Соле да го подигнат на ново ниво, и буквално и во културна смисла, известуваат локалните медиуми во Италија, како што пренесува дневник.рс.

Музичкиот фестивал во тоа место се одржува во замрзната купола на надморска височина од 2.600 метри, на ски лифтот Пасо Парадизо, во близина на превојот Пасо Тонале, кој ги поврзува италијанските региони Трентино и Ломбардија.

И скијачите и љубителите на музиката можат во текот на ски сезоната под замрзнатата купола да уживаат во педесетина концерти, како и во уметничките инсталации и театарските претстави чија тема ќе бидат климатските промени.

Тоа била идеја на американскиот уметник Тим Лихдхарт која станала и стварност. Амфитеатарот од мраз кој изгледна како џиновско игло може да прими до 300 луѓе, а светлоста и акустиката во него се единствени.