Големиот фестивал „SKOPJE CALLING“ сепка ќе се одржи, но со нов датум на 12.09.2020. година. Локацијата останува останува исти, АРМ стадион.  Сите кои досега ги набавиле билетите истите ќе им важат и за новиот датум.

– Со голема надеж и оптимизам дека планетата Земја наскоро сепак ќе се
врати во и со нормално темпо на живеење, сакаме да ве информираме
дека поради актуелната состојба со корона вирусот, одлучивме да не
ризикуваме и да не чекаме развој на состојбата, туку да го презакажеме
фестивалот Skopje Calling за 12-ти септември (наместо на 05-ти јуни) на
истата локација, стадионот на АРМ, велат од Авалон.

-VINI VICI, MAHMUT ORHAN, KIRIL DJAIKOVSKI и CYRILLIC, како и нивните
менаџменти го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето
доаѓање на 12-ти септември во Скопје.
Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот
приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и
на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот,  додаваат тие.

Тимот на Авалом ни посакува да останеме во добро здравје и да ги почитуваме мерките на надлежните. (М.А)