EPA-EFE/Ali Haider

Шпанскиот возач на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, изјави дека тимот на Ферари повеќе не е стабилен како некогаш во Формула 1 шампионатот. Алонсо оваа сезона четири пати се искачи на подиумот и моментално е на третото место во генералниот пласман на возачи со 75 бода. Првите две места ги држат возачите на Ред бул, Макс Верстапен и Серхио Перез.

  • Со Ферари бевме во борба секоја сезона и речиси никогаш не погрешивме. Двапати се боревме за титулата до последната трка. За моја среќа, а и за Астон Мартин, сега Ферари е помалку стабилен отколку кога бев таму – истакна Алонсо, кој возеше за црвениот болид од 2010 до 2014 година.

Следната трка во Ф1-шампионатот ќе се одржи на 21 мај, за Големата награда на Емилија Ромања и ќе видиме дали Ферари ќе успее да стигне до првиот подиум сезонава по шест трки.