Шпанскиот Ф1 возач, Фернандо Алонсо, возел со сериозни болки на последната трка за Големата награда на Монако, како последица на несреќата што ја имал во Мелбурн.

  • Коските, лигаментите, мускулите, сè е во хаос во моментов. Нема операција или друго решение. Само одмор. Се трудам да се одморам што повеќе, но морам да возам секоја втора недела. Ќе ми требаат неколку месеци да закрепнам, изјави возачот на Алпин.