EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Фернандо Алонсо не жали како испаднала неговата кариера во Формула 1 и истакна дека не се согласува со критиките за неговите одлуки.

  • Би рекол дека од 20 сезони во Формула 1 само четири беа разочарувачки, кога Мекларен-Хонда не беше конкурентна. Но, во текот на преостанатите 16 сезони, се борев за подиуми и победи – ова е нешто посебно. Понекогаш ми се чини дека однадвор луѓето се разочарани од мене поради чекорите што ги презедов. Но, фактите велат поинаку, и јас би сакал да го појаснам ова, рече двократниот светски шампион.

По две трки сезонава во шампионатот во Формула 1, Алонсо е на третото место во генералниот поредок со 30 бодови, 14 помалку од лидерот Макс Верстапен.