Ферер доби вајлд – карта за турнирот во Мадрид

42

Поранешниот финалист на Вимблдон, освојувач на Дејвис Купот и некогашен трет светски тениски рекет, Шпанецот Давид Ферер доби „вајлд карта“ за настап на Мастерстот во Мадрид, што ќе биде негов последен турнир во кариерата.

Ферер (36) по 16-ти пат ќе учествува во родниот Мадрид, каде за првпат учествуваше кога имаше 21 година.

  • Тој е еден од најголемите тенисери на нашата земја. Давид е исклучителна личност и еден од најдобрите кои сум ги сретнал, изјави новиот директор на Мастерсот, Фелицијано Лопез.

Ферер не игра на АТП или грен слем турнирите веќе неколку месеци, но ќе продолжи да тренира за да не биде само епизодист на својот последен турнир.