Директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, предвидува неизвесна трка за титулата до крајот на сезоната во Формула 1. Во Мајами славеше неговиот пулен Макс Верстапен пред Шарл Леклер од Ферари, додека на третото место заврши уште еден возач на тимот од Маранело – Карлос Саинц.

-Вложувавме сè што имавме. По безбедносното возило имавме среќа бидејќи Ферари не ги смени пневматиците, тогаш можеа да стават меки гуми… Ферстапен беше фантастичен, имаше неколку клучни моменти: старт, штедевме гуми, притисокот беше на Шарл… Имавме контрола на трката. Но, се враќам на она што го кажав – ако Ферари ставеше меки гуми, веројатно ќе бевме трети, истакна Хорнер.

За првпат Ф1 трката се возеше во Мајами, а Хорнер е воодушевен, како и сите.

  • Како не пречекаа и колкава страст имаше – голема. Има огромен интерес за Формула 1, тоа беше очигледно. Американците секако знаат како да организираат настан, секоја чест, додаде Хорнер.

Пред Шпанското ГП, Верстапен заостанува 19 поени зад Леклер, а Ред Бул само шест зад Ферари.

  • Има уште долг пат, борбата со Ферари е неизвесна, веќе имавме извонредни трки. Тие ни помогнаа да бидеме олку добри, односно нивната конкурентност. Се гледа дека меѓу Шарл и Макс постои голема почит, тие уживаат во меѓусебното тркање. Се надевав дека нема да имаме толку неизвесна борба како лани, но се чини дека и сега може да биде драматично до крајот, заклучи Хорнер.

Шампионатот продолжува на 22 мај, кога на програмата е трката за Големата награда на Шпанија.