Извршниот директор на Ферари, Луј Камиљери, истакна дека сите во тимот се свесни за проблемите со кои се соочуваат и дека ќе им биде потребно време за да бидат конкурентни. Според него Ферари нема и во 2021 година нема да биде конкурентен, туку дека се очекува да го фати вистинскиот правец во 2022 година кога ќе започнат да се применуваат новите правила.

  • Капа долу за Мерцедес, фантастично работат, но ќе видиме во 2022 година со новите правила како се ова ќе изгледа.

Скудерија Ферари, во неделата, ја прослави 1.000 трка во Формула 1, меѓутоа јасно е дека зад нив е тешка сезона. Во конкуренцијата на конструктри Ферари се наоѓаат на шестото место со само 66 поени.

  • Во дупка сме, го знаеме тоа. Повеќе фактори влијаеа. Се што ќе кажам ќе делува како да бараме оправдување, а тоа не сакаме да го правиме, додаде Камиљери.