Феликс сака во Премиер

62

Португалскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М), Жоао Феликс, повеќе не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона. Освен од минутажата, најскапата аквизиција во историјата на Атлетико (М) не е задоволен и од соработката со шефот на стручниот штаб, Диего Симеоне и затоа сериозно размислува за преселба во Премиер лигата.