Близок извор до таборот на шпанскиот гигант Атлетико (М) откри дека пред неколку дена, португалскиот интернационалец, Жоао Феликс, бил понуден на англискиот премиерлигаш Њукасл. Крилниот напаѓач вториот дел од актуелната сезона го одработи како позајмен играч во дресот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, но раководните лица на „сините“ не сакаа да го откупат неговиот договор за 120 мил. евра.