Фекир пред сензационален трансфер

81

Сосема неочекувано, шпанскиот прволигаш Бетис од Севилја е на добар пат да го реализира спектакуларниот трансфер на можеби најдобриот играч во дресот на францускиот гигант Олимпик од Лион, Набил Фекир.

Агентот на репрезентативецот на Франција веќе неколку дена преговара со челниците на Бетис, кои се подготвени да му понудат на искусниот напаѓач годишна плата од 7 мил. евра.

Откако ќе бидат договорени личните побарувања, двата клуба ќе мораа да постигнат договор околу обесштетувањето кое според француските медиуми нема да биде помало од 30 мил. евра.