Фекир партнер на Пјонтек

80

Италијанскиот калчо гигант Милан е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на стандардниот првотимец во дресот на францускиот прволигаш Олимпик од Лион, Набил Фекир.

Брзоногиот напаѓач потврди дека планира да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок, а интерес за неговите услуги покажаа најбогатите клубови од англиската Премиер лига. Според раководните лица на Лион, Фекир ќе биде продаден само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 70 мил. евра.