Фекална канализација за повеќе населени места

94

По почетокот на работите околу изградба на фекална канализација прва фаза во селото Норово градоначалникот на Општина Крушево најави дека се изработуваат проекти за канализации и во неколку други останати села од општината.

-Во Норово започнавме со работа на терен и официјално по долго очекување на моите сограѓани од овој дел на општината, во завршна фаза е изработката на проектот за изградба на канализација во селото Алданци, а дополнително ќе се изработуваат проекти за селата Борино, Јакреново, Саждево, Пресил, Врбоец и „Св. Митрани“. По изработката на проектите тие ќе влезат во процедура на аплицирање, нивно финансирање и се надеваме наскоро и нивна имплементација- изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Освен фекална канализација во селото Норово и асфалтирање на пат во должина од 2,5 километри до селото Саждево, од понеделник официјално започнува и имплементацијата на проектот за изградба на цевковод во истото село.

Во општина Крушево во тек се уште неколку проекти: изградба на гробно место на Тоше Проески, асфалтирање на пат до Крушевско езеро, асфалтирање на пат од село Борино до Житоше (општина Долнени).

Според Општината Крушево, вкупна вредност на тековните проекти: 874. 203 евра.