Најтрофејниот тенисер на деншницата Швајцарецот Роже Федерер, моментно е играч со најмногу недели поминати на АТП листата и покрај тоа што веќе подолго време не е на оваа позиција тој има направена голема залиха која полека но сигурно ја топи Србинот Новак Ѓоковиќ.

Тоа што беше 310 недели на варвот на АТП листата и се уште е неприкосновен, беше доволен повод челниците на оваа организација да направат интервју со популарниот Федекс.

Роже момнентно е загрозен од Новак кој ја поминува 287 надела на АТП листата, а после него се тројца поранешни тенисери Пит Сампрас (286), Иван Лендл (270) и Џими Конорс (267), додека моментно второпласираниот тенисер во светот Рафаел Надал има поминато само 209 недели на врвот на АТП.

Токму ривалството на големата троја беше темата на интервјуто, а Федерер прво зборуваше за Надал:

-Јас сум негов најголем број еден, мислам дека неговата игра е генијална. Тој е неверојатен тенисер и среќен сум што имаме одиграно неколку историски натпревари во минатот, почна Федекс.

Тој потоа се сврте кон Ѓоковиќ, против кого одигра 50. натпревари и има негативен скор, бидејќи Србинот го победи 27 пати, но Швајцарецот беше многу поуспешен во периодот од 2006 до 2010 година кога на 19 натпревари дури 13 пати го победи Ѓоковиќ.

-Ѓоковиќ е одличен тенисер. Сите го знаеме тоа, односно занеме каков е… Тој те тера да ги маваш топчињата многу подобро. Добро сервира, има добар ритрн и одлично се движи на теренот. Тој на многу начини може да го реши проблемот  кој го има, ако го има, изјави Роже.

Федерер на 2. февруари 2004 година ја заврши првата недела на врвот на АТП, а истата година и уште во 2005, 2006, 2007 и 2009 ја заврши годината на како светски рекет број еден.