Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, поради повреда на колената подолго време е надвор од тениските терени, годинава се обиде да се врати и освои само 630 поени, по што мораше пак да биде подвргнат на хирушка интервенција на колената.

Тој се уште се движи со патерици, а многумина се сомневаат дека повторно ќе се врати на теренот. Еден од тие што се сомневаат во неговото враќање е колумнистот на „Њујорк Тајмс“, Кристофер Клери. Тој не верува и дека Швајцарецот ќе усспее да освои повеќе од дваесет грен слем титули, но и дека не верува оти пак ќе се врати на теренот.

-Не верувам дека ќе се врати на теренот, но тоа е само моја претпоставка. Верувам дека ќе сфати дека времињата се промениле по долгиот процес на опоравување. Новите момци веќе стигнаа, а тој има многу други работи да направи во животот. Со 40 – години, што може да осови?, прашува Клери.

Клери е еден од новинарите кои најдобро ја има следено кариерата на Федерер, а има и напишано книга за Швајцарецот.

-Можеби ќе се врати, но тоа ќе биде бавно и тешко враќање. Не мислам дека може да осови грен слем титули и сметам дека нема да биде среќен ако нема шанса да се закти со еден од четирите големи турнири, заврши Клери.