Федерер нема да се пензионира ниту во 2021 година

35

Поранешниот светски тениски рекет број еден Швајцарецот Роже Федерер не планирта да се пензионира наредната година, тврди еден од неговите тренери Северин Лути.

Се шпекулираше дека Швајцарецот, кој во август ќе наполни 39 години би можел да се пензионира до крајот на оваа година. Сепак, овие шпекулации престана заради пандемијата со коронавирусот, а Федерер оваа пауза одлучи да ја искористи да ја санира повредата на коленото.

-Роже се уште го сака живото на професионален спортист.   Никогаш не сум го слушнал да посака да ја  заврши кариерата, бидејќи се му се здосадилои чувствува замор од патувањата, изјави Лити.

-Ништо не можеме да зборуваме со сигурноср, но тој се уште го сака тенисот. Не  размислува за тоа да се пензионира  ниту наредната година.

Федерер ќе се врати на теренот наредната година, а веќе си постави и две големи цели, титула на Вимблдон и Олимписките игри во Токио.