Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, изјави дека ќе игра до Вимблдон, но и дека во наредните неколку недели ќе одлучи дали тоа ќе биде негов последен грен слем турнир по што ќе и стави крај на својата богата кариера.

Роже е рекордер со 20 грен слем титули, а последниот голем торофеј го освои на Австралија опен, минатата година. Ова лето 38 – годишниот Федерер играше во финалето на Вимблдон, но загуби од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во пет сета.

Швајцарецот е рекордер по бројот на осовени трофеи и на Вимблдон, дури осум пати го подигна пехарот на овој турнир.

-Одлучив да играм до Вимблдон. Сега сум зафатен со донесување на одлуките за настап на Олимписките игри во Токио, наредната година. Веќе разговарав за тоа со совјот тим и ги прашав за мислење. Разговарав и со сопругата и можам да кажам дека конечната одлука ќе ја донесам за неколку недели, изјави Федерер.

Тој додаде дека за него од голема важност е да има време за семејството. Иако тоа го постави како една од најголемите цели, Федерер нема осовено златен медал на Олимписките игрии неизвесно е дали ќе игра во Токио.

Реков дека можам, само ако имам двенеделна пауза. Разговарав со фитнес тренерот Пиер Паганини. Воглавно почнувам со тренинзи за наредната сезона. Се е договорено и морам да бидам максимално подготвен за Австралија опен, заврши Швајцарецот