Федерер го среди и Вердаско

54

Поранешниот светски тениски рекет број еден Швајцарецот Роже  Федерер запиша уште една победа на АТП турнирот во Дубаи, откако по Филип  Колшрајбер го среди и ветеранот Фернандо Ведраско. Швајцарецот не делуваше доминантно на терен, и на идентичен начин како со Германецот во три сета го совлада Ведраско.

Првиот сет му припадна на Федерер, со 6:3, додека шпанскиот тенисер возврати со одличен втор сет и израмни на 1:1. Сепак, во клучните моменти Федерер покажа моќ и за само 33 минути го сведе одлучувачкиот сет во своја полза за конечна победа од 2:1 (6:3).

Во четвртфиналето Федекс ќе се сретни со унгарскиот тенисер Мартон Фучович, кој  славеше над Германецот, Штаф.