Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, се уште се опоравува од повредата и сите чекаат да видат кога ќе се врати на теренот. Додека тој и неговата сопруга Мирка се подготвуваат за тоа, поранешниот светски тениски рекет број еден работи и на некои други проекти поврзани со овој спорт.

Според информациите кои доаѓаат од Америка, Роже е подготвен да го купи мастерсот во Синсинати. Сопствениците на турнирот во Охајо неодамна открија дека се подготвени да го продадат, а швајцарскиот играч тоа сака да го искористи заедно со спортската агенција „Тим8“.

Станува збор за компанија која Федерер ја основал со својот агент Тони Годшик, а наводно подготвиле и мултимилионска понуда за ова натпреварување. Сепак, на многумина една работа не им е јасна. Сите се прашуваат дали тоа е дозволено, односно дали е според правилата.

Нема конфликт на интереси во светот на тенисот. Федерер е една од легендите на овој спорт, тој го сака тенисот и има одличен однос со навивачите во Синсинати. Би било убаво да се види турнирот да остане во тениското семејство и за него да се грижа некој што го сака овој спорт.

„Ова значи дека турнирот ќе остане во Америка“, изјави Чанда Рубин од „Тенис Шанел“.

Инаку, турнирот во Синсинати е еден од оние кои не му се допаѓаат на Новак светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ. Барем ако ги погледнете резултатите. Два пати славеше на овој турнир, но дури петпати загуби во финалето, од кои три од Федерер.