Фајзер: „Нашата вакцина дава силен имунолошки одговор кај децата“

88

Американската фармацевтска компанија Фајзер објави дека нејзината вакцина против Ковид се покажала како долгорочна заштита од вирусот во доцната фаза на студијата спроведена на адолесценти на возраст меѓу 12 и 15 години.

Двете дози на Фајзер биле 100 отсто ефективни против Ковид-19, врз основа на мерењата направени четири месеци по втората доза, соопшти компанијата, пренесува Ројтерс.

Фајзер планира по долгорочни податоци да поднесе барање за целосно одобрување на вакцината кај оваа возрасна група, во САД и ширум светот.

Фајзер и Бионтек ќе бараат одобрение за доза од 30 микрограми, за деца од 12 години и постари.

Досега, вакцината беше одобрена од американската Администрација за храна и лекови, но само за итна употреба на возраст од 12 до 15 години, додека целосна дозвола беше дадена за лица на возраст од 16 и повеќе години.