Одлична идеја за вкусен ручек за целото семејство. Нема да згрешите ако со овие шницли подготвите некој домашен сос од домати, иако и самите по себе се прилично сочни.

Состојки:

  • 500 грама мелено јунешко месо
  • 1 мала тиквица
  • 1 морков
  • 1 кормид
  • 1 јајце
  • 1/2 шоља презла
  • 1 чешне лук
  • сол и бибер по вкус
  • оригано
  • масло за јадење

Подготовка:

Во меленото месо додадете го ситно изренданиот кромид, изрендана тиквичка и морков, ситно сецканото лукче, јајцето, презлата и зачините. Убаво измешајте ја смесата, да се соединат сите состојки и да добиете мазна смеса.

Обликувајте мали округли шницли. Пржете ги по 3-4 минути од секоја страна и немојте да ги притискате со вилушка, само така ќе останат доволно сочни.

Пржените шницли вадете ги на тањир и чувајте ги на топло, додека не бидат готови сите.

Уживајте во вкусот!