Фати верен до 2027 година

55

Иако поголемиот дел од шпанските медиуми ја пласираа информацијата дека има проблем кога е во прашање новиот договор, информациите кои пристигнуваат од „Ноу Камп“ кажуваат дека каталонскиот гигант Барселона ја продолжи соработката со големиот талент, Ансу Фати. Младинскиот репрезентативец на Шпанија потпиша нов договор кој е со важност до 2027 година и во кој има ослободителна клаузула од милијарда евра.