Фатиме Фетаи е на одмор, но стои зад ставот на колегите

263

Согласна сум со ставовите на колегите од СЈО и стојам на ставот кој беше обелоденет минатата недела на прес-конференцијата во Специјалното јавно обвинителство, изјави за Фактор обвинителката Фатиме Фетаи. Таа сè уште е на годишен одмор, но е во земјава, додека за време на тоа обраќање на обвинителката Ленче Ристовска била во странство.

И сега потврдува дека стои зад тие ставови и дека очекува истрагата побрзо да заврши. Дополнителни коментари СЈО заеднички ќе соопштува. Не се коментира настапот на Јанева.

Инаку Ристовска се обрати ден откако кога Катица Јанева даде оставка, а беа приведени и Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец. Обвинителката Ристовска рече дека зборува од име на сите колеги, па и на отсутните кои користеле одмори а ја спомена и Фетаи. Пред медиумите апелираше за побрзо расчистување на случајот и рече дека дејствијата на поединци не ја отсликуваат работата на сите

-Стоиме зад работата што досега е завршена, ве уверувам дека сите предмети по кои се постапува се професионално водени и не се загрозени постапките. Наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на СЈО и секогаш сме постапувале на ниво на задачата за справување со криминалот. Внимателно го следиме сите случувања и сме подеднакво загрижени, но истовремено повикуваме да се почитува презумпцијата на невиност. Сите ве уверувам дека дејствијата на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО и не смее да ги доведат под прашање интегритетот и постапките кои се видени досега, истакна Ристовска.