Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи по наредба на Специјалната обвинителка Катица Јанева била два пати денеска претресувана при влез на своето работно место во СЈО. Кога полицаецот на влезната врата и објаснил дека има наредба од Јанева да го претресе секој вработен, при секој негов влез во зградата на СЈО, Фетаи, велат очевидци на настанот, се шокирала и реагирала многу бурно.

„По вториот претрес, обвинителката Фетаи првин луто гледаше во безбедносната камера, која е поврзана со канцеларијата на шефицата Јанева. Беше многу навредена. Потоа ја плукна камерата и рече: ’Пу, јаз’к!‘“, тврдат за СДК очевидци на настанот.