Фармер купил банани на пазарот во Брисел, во 7 од 10 пакети нашол кокаин

195
Ripe bananas on boxes in the supermarket

Кокаин бил пронајден во седум од десетте кутии банани што белгиски фармер ги купил на пазарот во главниот град Брисел.

Локалните медиуми наведуваат дека фармерот Стефан Ван Дорслер купил десет кутии банани на почетокот на неделата со цел да ги продаде на својата фарма.

Ван Дорслер, кој ги отворил кутиите по пристигнувањето на фармата, во седум нашол пакети со кокаин.

„Тие беа спакувани како пакетите што ги гледаме во филмовите“, рече белгискиот фармер.

Според него, тој првенствено мислел дека се работи за путер, но потоа сфатил дека е дрога.

„Не знаевме што да правиме со пакетите. Мислевме дека не е паметно самите да го однесеме во полиција“, објасни Ван Дорслер.

Наместо да ја однесе дрогата во блиската полициска станица, тој повикал полиција и го пријавил случајот. Голем број полициски екипи за кратко време стигнаа до куќата на Ван Дорслер. Вооружени екипи ја опколија областа.

„Очигледно е дека полицијата била загрижена дека пакетите содржеле уреди за следење. Долго време мереле сè во пакети и барале траги во кутиите. Заминаа околу пладне. Ми ги оставија преостанатите три кутии со банани “, рече Ван Дорслер.

Пакетите со банани имаа маркички на кои се гледа дека доаѓаат од Колумбија. Луѓето кои продаваат банани на пазар во Брисел се сослушани, а истрагата е во тек.