ФАО: Потенцијално големи загуби ќе имаат производителите на овошје и зеленчук во светот

40

Организацијата за храна и земјоделство при ОН, (ФАО) предупреди денеска за потенцијално големи загуби на производителите на овошје и зеленчук во светот.

Ограничувањата за движење, високите транспортни трошоци и затворените пазари поради пандемијата Ковид-19  ги уништија синџирите за снабдување со овошје и зеленчук и доведоа до големи нарушувања во побарувачката и цените, се вели во соопштението објавено од ФАО.

Додека цените на некои производи се зголемуваат, особено оние за кои се смета дека го зајакнуваат имунитетот како лимоните и лукот, другите драматично паѓаат.

Во земји кои немаат доволно луѓе да соберат овошје или да собираат зеленчук на време, родот може да изгние на нивите, а дополнителни загуби им се закануваат на производителите во случај на доцнење во транспортот или истовар, нагласува ФАО.

– Овошјето и зеленчукот подлежат на брзо расипување и треба да стигнат до пазарот што е можно побрзо. Како и да е, трговските можности се ограничени, затоа што се во синџирот на вредности се распадна, пазарите се затворија, земјите ограничија преминување граници, пристаништата се затворија, трошоците за транспорт се зголемија, смета економистот на ФАО, Андриј Jармак.

Тој додава дека во овие времиња, клучен е пристапот до информации за пазарот во реално време.

Извор: МИА