Пејачката Теодора Џехверовиќ беше мета на критики од некои нејзини  обожаватели кои и напишаа пораки дека не е во ред да настапува додека луѓето се разболуваат и умираат од коронавирус. Таа реши да им одговори на сите и да објасни зошто продолжува да пее за својата публика во клубовите.

– Бидејќи добив неколку пораки на тема како можам да настапувам во ваква состојба, да ви кажам драги луѓе, јас никого не терам да доаѓа на моите настапи. Секој во животот треба да работи како што мисли и чувствува. Единствениот начин да не ви се случи ништо е да седите дома, сами по цел ден. Јас не можам да си дозволам себеси да ме обземе паника и сакам да бидам најпозитивна во овој моментот. Не станува збор за пари, туку за желба за работа бидејќи мојата професија ме покренува. Не и се плашам на короната и немојте да ме осудувате поради тоа, напиша таа.