Фановите на серијата убедени дека Симпсонови го предвиделе Ковид-19 кај Том Хенкс

2184

Веста дека популарниот холивудски актер, Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се заразени со корона вирус ги шокираше фановите ширум светот.

Веднаш по веста излезе краток дел од долгометражниот цртан филм „Сипмсонови“, како доказ дека уште еднаш, предвиделе шок вест.

„Ако ме видите, оставете ме“, изговори Том Хенкс во цртаниот филм од 2007 година, по што се самоизолира.

„Симпсонови“ не само што го предвидоа избувнувањето на вирусот, туку понудија и решение во облик на џиновска купола која во една прилика ја поставува Агенцијата за заштита на животната средина.