„Фанк шуи“ со концерти во Англија

41
Македонскиот бенд „Фанк шуи“ оваа пролет ќе имаат свое гостување во Англија. Како што најавија од бендот, на 29 април ќе одржат концерт во Лондон, а ден потоа ќе гостуваат на „Sound City“ фестивал во Ливерпул.
„Фанк шуи“ ја започнаа 2022 година со онлајн претставување на најголемиот и најпрестижен „шоукејс“ фестивал во Европа – „Eurosonic“ во Холандија.
Од бендот соопштија дека се возбудени што ќе имаат можност да настапат во Лондон и Ливерпул и што ќе ја споделат својата музика со тамошната публика.
-Возбудени сме што ќе имаме можност да настапиме во Лондон и Ливерпул и што ќе ја споделиме нашата музика со тамошната публика. Почестени сме што ќе бидеме дел од програмата на „Sound City Festival“ во Ливерпул, еден од најголемите шоукејс фестивали во Европа. Исто така, со нетрпение го очекуваме и нашиот концерт во добро познатиот клуб „ The old blue last” во Лондон, посочуваат од бендот.