Фалкао партнер на Имобиле

46

Колумбискиот интернационалец од редовите на францускиот гигант Монако, Радамел Фалкао, е најновата желба на контроверзниот претседател на римскиот калчолигаш Лацио, Клаудио Лотито.

Првиот човек на “светлосините” е во потрага по играч кој ќе му биде партнер на главниот голгетер на “Олимпико”, Чиро Имобиле, а изборот паднал на поранешниот фудбалер на Порто, Атлетико (М), Манчестер Јунајтед и Челзи.

Според Лотито услугите на Фалкао можат да бидат обезбедени со понуда која нема да биде помала од 15 мил. евра.