Фалкао е 11 години помлад

119

Турскиот гигант Галатасарај имаше совршен летен преоден рок. За нешто помалку од 10 мил. евра, беа ангажирани дури 14 квалитетни засилувања, а меѓу нив, најголема ѕвезда е колумбискиот интернационалец Радамел Фалкао.

Фалкао беше дочекан како спасител од дури 25.000 фанови. Колумбиецот пристигна од редовите на францускиот гигант Монако и од него се очекуваат многу погодоци кои треба да бидат клучни во борбата за шампионската титула.

Турскиот весник „FotoMac“ објави неколку интересни информации околу здравствената состојба на Фалкао. Лекарскиот преглед покажал дека неговата метаболичка возраст изнесува 22 години, односно дека во тој сегмент е помлад за дури 11 години. Причината за таквите метаболички години се фантастичните фитнес резултати од тестовите кои ги одработи по пристигнувањето во Турција.

  • Доказ за тоа се избалансираните пропорции на неговото тело и состојбата на внатрешните органи. Количината на течности е на потребното ниво. Исто така мускулната маса е во добра состојба, пишува „FotoMac“.

Ваквата информација беше причина плус за дополнително да збеснат навивачите на Галатасарај, кои со нетрпение го очекуваат првиот натпревар на Фалкао во „жолто-црвениот“ дрес. После три одиграни кола во новата сезона, Галатасарај е на 10-та позиција.